| | |

Ослободувањето на Бугарија

Иван Михајлов (1896-1990), водач на ВМРО (1924-1934)

Станува збор за нејзиното ослободување во 1878 година. Друго ослободување на Бугарија не постои.

Тоа беше почувствувано со трепет во срцата на сите Бугари – од устието на Дунав до Костурско, од Морава и Шар Планина до Црното Море и Белото Море.

Зачуван е и оригиналот на молбата до Големите сили, потпишана од сите првенци Бугари во македонските градови, со која се барало во една заедничка држава да бидат вклучени сите бугарски области. Осум години пред да биде поднесена таа молба, македонскиот Бугарин јасно и гласно изјавил дека стои зад своето бугарско име, свест, како и зад неделивоста од своите браќа до погоренаведените граници.

Тоа го покажа и во борбата за извојување на Бугарската национална црква – борба што се водеше четири децении и успешно заврши во 1870 година.

Во Берлин, меѓутоа, правото на бугарскиот народ, неговите копнежи и борби беа занемарени поради ривалствата на некои големи сили. Тогаш неминовно требаше да продолжи напорот за ослободување на Македонија; и токму тој напор го доби името „Македонско прашање“. За да ги отстрани завистите на соседите, спекулациите на големите држави, како и за да покаже дека воопшто не си поставува шовинистички задачи (како што лажно тврдеа токму лакомите за туѓи земји наши соседи), ВМРО искрено ја прифати како своја програма создавањето на независна Македонија, со рамноправност за сите нејзини жители.

Оваа програма воопшто не пречи – како Бугари – да го славиме денот на ослободувањето на Бугарија, иако жестоко осакатена во корист на околните држави.

Во тековната година се навршија деведесет и пет години од тоа ослободување. Нека од сѐ срце им посакаме на Бугарите, под какви и режими да се наоѓаат во моментов, светла иднина, а пред сè – слобода.

(1973 г.)



Слични Објави