| |

Слободата не ни е подарена од никого- таа е извојувана

Николај Којчев

На денешниот ден Бугарија одбележува 148 години од своето Ослободување. Кај дел од Бугарите се вкоренило убедувањето дека тоа им е подарено и дека без него денес немало да постојат. Но, дали некој ќе се запраша колку може да биде слободен човек на кого слободата му е дадена дарум? Може ли оној што никогаш не посакал да биде слободен навистина да ја вкуси слободата, да ја разбере и вистински да ја цени?

Слободата на бугарскиот народ од петвековното османлиско владеење не е подарена од никого. Таа е извојувана. Извојувана благодарение на оние Бугари кои, и покрај сите тешкотии, први ги посеале семињата на слободољубието и патриотизмот кај неколку генерации нивни предци. Ќе имало ли Бугари за ослободување во 1877–1878 година, ако сто години претходно Паисиј не ја напишал својата „Историја славјанобугарска“? Ќе имало ли вистинско ослободување ако немало кој да ја препишува и да ги потсетува Бугарите дека и тие некогаш имале славно царство и дале свој придонес на светот? Какво ослободување ќе имавме ако претходно ги немавме Раковски, Каравелов, Ботев или Левски, ако ги немавме Славејков, Шапкарев и безброј други бесмртници? Ќе го имаше ли 3 март*, ако пред тоа го немаше 20 април…, ако ги немаше Бенковски или Волов? Ќе беше ли потребно да се води војна заради овој народ, ако тој бил само неосвестена раја?

Свесни ли сме дека она што се случило на 3 март 1878 година не е ниту почеток, ниту кулминација, туку донекаде завршница на еден процес започнат сто години претходно? И велам донекаде, затоа што за некои Бугари ослободувањето дошло подоцна отколку за други. Нашите сонародници од Благоевград, Хасково и од други краишта знаат на што мислам. А имаме и такви сонародници кои никогаш не го дочекаа тој ден.

Сепак, на 148-годишнината од обновувањето на бугарската држава, да се потсетиме дека во темелите на националноослободителното движење стојат Бугари, и токму нив треба најнапред да ги почитуваме.

Честит празник! 🇧🇬

[*] или 19 февруари според стариот календар.



Слични Објави