| |

Османи: Има документ за сеопфатно решение со Бугарија, што сме подготвени да го прифатиме

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи соопшти дека има документ, што може да биде основа за договор со Бугарија и македонската страна е подготвена да го прифати, но зависи дали и Бугарија ќе даде согласност за истиот.

Османи, нагласи дека се уште не може да каже дека има договор меѓу двете страни по однос на еден документ што треба да биде сеопфатно решение за сите разлики коишто ги имаме со Република Бугарија.

„Да, има еден таков документ којшто ние сме спремни да го прифатиме, меѓутоа се додека не добиеме одговор дека е прифатлив и за Република Бугарија сметам дека не се созреани тие предуслови за да можам јас да ги информирам пратениците и јавноста, бидејќи тој може да биде одбиен и тогаш сето тоа би било непотребно, истакна Османи на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарски прашања за можен договор со Бугарија.

Прашан за реакциите од страна на бугарската министерка Генчовска, Османи кажа дека навистина не сака да ги коментира внатрешните политички разлики во Бугарија.

„Ние комуницираме со бугарската Влада и не сме прифатиле никогаш да имаме паралелни преговори со различните чинители во Република Бугарија, па и доколку се институционални чинители, не само политички чинители. Ние разговараме со бугарската Влада и навистина останува на неа дали ќе може да постигне едногласност по било кое решение, изјави Османи.



Слични Објави