| |

Османи: Не бегаме од темата за рехабилитација на Бугарите-жртви на комунизмот

„Македонското општество не бега од темата за жртвите од комунизмот и подготвени сме да го започнеме овој процес. Целта е ова прашање повеќе да не биде мит и да не се користи на ничија политичка агенда“, вели првиот човек на македонската дипломатија, Бујар Османи, во интервју за БТВ, пренесува Дојче Веле на македонски јазик

Темата за репресираните Бугари за време на југословенскиот комунизам  е деликатно прашање за Бугарија, кое се наметнува како услов за бугарската поддршка за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан. 

Османи вели дека во 2006 година македонскиот парламент издаде извинување до семејствата на жртвите од комунизмот. „Сега сме подготвени да ја претвориме декларацијата во позиција на независната држава Северна Македонија, како и други практични аспекти – пристап до архиви и потоа отворање поединечни случаи, доколку ги има, потребата да се зборува за нив и зошто и да не се процесираат, доколку постои законска можност за тоа“, додава Османи. 



Слични Објави