| |

Османи: Нема место за „Отворен Балкан“, овој проект го блокира патот кон Европа, Србија му се заканува на регионот

Додека Србија отворено му се заканува на Косово со војна, отворено им се заканува на другите земји во регионот – Босна и Херцеговина, Црна Гора – нема можност, нема место иницијативата да биде предводена од земја како Србија.

Вака косовската претседателка Вјоса Османи одговори на прашање на БГНЕС дали проектот „Отворен Балкан“ е закана за безбедноста на регионот и Косово, дали не е обид на Белград да ја врати српската доминација, што донесе крвави војни во 90-тите години и не е ли неговото остварување на штета на Европа.

Според неа, работите можеле да бидат поинакви доколку Србија го признаела Косово. „Да ги признаеше Србија вредностите на Европската унија – слободата, демократијата, почитувањето на човековите права, но реалноста е далеку од тоа“, рече косовската претседателка.

Вјоса Османи предупреди дека српската иницијатива не е создадена за обединување.

„Иницијативата Отворен Балкан не се заснова на инклузија. Не ги вклучува сите земји од регионот од моментот на своето создавање. Иницијативата не ја признава еднаквоста на сите страни. Србија во пракса ја сака оваа иницијатива за да не го смета Косово за рамноправен партнер. Ова не е можно и за нас е неприфатливо“, нагласи Османи.

Таа е децидна дека „Отворен Балкан“ Србија го користи за создавање чекална. „Тоа само ќе го направи нашиот пат напред побавен и подолг. Има многу анализи направени од нашите експерти за безбедност и економија. Тие покажуваат дека тоа не е најдобриот пат за нас. Овие мислења ги земавме предвид“, рече Вјоса Османи.

„Ние не сме дел од оваа иницијатива, но ние сме дел од секоја иницијатива каде што Косово се гледа како рамноправен партнер, како што е, на пример, Берлинскиот процес, кој доведе до придобивки за сите балкански земји“, рече косовската претседателка.

Слични Објави