ОСМАНИ: САД МОЖЕ ДА СМЕТААТ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА КАКО НА ПАРТНЕР НА БАЛКАНОТ

//

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи оствари средба со новоименуваната Амбасадорка на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија, Кејт Мари Брнз.

Вицепремиерот Османи упати честитки до амбасадорката по повод нејзиното назначување и ѝ посака успешна работа, во насока на продолжување на пријателската соработка во рамки на стратешкото партнерство меѓу двете земји, изразувајќи задоволство за поддршката од страна на САДза евроатлантските аспирации на земјата.

„САД не се само стратешки партнер на Република Северна Македонија, туку и најважен пријател, чија поддршка може да се препознае во сите позначајни успеси на земјава од нејзината независност“- истакна Османи, при што потенцираше дека Северна Македонија останува доверлив партнер на САД на Балканот, силно посветена на промоцијата на западните вредности, демократијата и стабилноста во регионот.

Во продолжение на средбата Османи и Брнз разговараа и за поддршката на САД за членството на Северна Македонија во НАТО, во очекување на ратификацијата на Протоколот за НАТО од страна на Сенатот во наредните месеци. Притоа Османи посочи и на европската перспектива на земјава, со оглед на тоа што се наоѓа во клучен период пред добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ во октомври оваа година, истакнувајќи дека поддршката од САД е особено значајна.



Претходна статија

КАТИЦА ЈАНЕВА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА- НЕКОЛКУ ДЕНА ПРЕД ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА НАЈАВЕНА ОД ЗАЕВ

Следна статија

УАПСЕН Е БОЈАН ЈОВАНОВСКИ

Најново од Вести