Османи се сретна со новиот амбасадор на Австралија во земјава со седиште во Белград
Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Австралија во Република Северна Македонија, со седиште во Белград, Даниел Џозеф Емери, по повод предавањето копии од акредитивните писма.
– Му посакав успех во дипломатската мисија, при што беше заеднички потенцирано дека значаен мост во соработката претставува нашата дијаспора во Австралија, објави Османи на официјалната Фејсбук страница.
Министерот додава дека Северна Македонија и Австралија остануваат посветени на развој на економските и бизнис релации, како и продолжување на успешната мултилатерална соработка.
