Османи: Шпекулации по ходници слушам за сите дипломати, случајот со Миленковски е можност да го зачуваме достоинството на МНР

/

Случајот со приведениот дипломат Миле Миленковски е можност системот да го вратиме таму каде што му е местото и да го вратиме и зачуваме достоинството на ова важно Министерство и служба. Очигледно системот има слабости децении наназад. Ова денеска го истакна министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Одговарајќи на новинарски прашања рече дека уште во 2009 година дипломатот е испратен во Детроит, за два месеци е овластен да раководи со крипто заштита, во 2009 година од Детроит е преместен во Вашингтон, од каде Антонио Милошоски го преместува во Чикаго, а потоа следниот министер го праќа во Виена, од каде следниот министер го преместува од мисија во Амбасада, бидејќи сите се водат по принципот има национален сертификат.

– Шпекулации тука по ходниците јас слушам за сите дипломати. Писмо единствено добил мојот претодник со прашање дали има дипломатски пасош меѓутоа никакво известување понатаму. Ние требаше уште во февруари да добиеме известување дека има потерница по диломатот, сигурно некој би преземал мерки, рече Османи.

Кога имате сертификат за безбедност, појасни минисерот, тоа значи дека вие имаат пристап до документ, дали го имате тој пристап во директоратот за мултиратерала или во мисијата во Виена е исто.

– Дури во директоратот има повеќе доверливи информации затоа што се собираат од цел свет отколку во една мисија, или во едно претставништво. Сите што имаат национален сертификат имаат гаранција од службите дека тие се безбедни да работат со документи, а со тоа ми дава право и да ги разпределам дали на втори, дали на четврти спрат, дали во мсиија во Виена, дали во Вашингтон. Тоа е едно хоризонтално распоредување, потенцира Османи.



Во врска со тоа зошто е пратен, рече „бидејќи ние го преземаме претседателството со ОБСЕ донесовме одлука мисијата на ОБСЕ да го зголеми бројот на дипломати од тројца колку што се во моментов во вонредно на 15 дипломати и тоа ексклузивно заради прашањето на претседавањето“.

– Значи нема ниту една мисија наша која има 15 дипломати, но одлуката ја донесовме дека во наредните две години ќе има 15 дипломати со тоа што дадов насока во првата група да одат дипломати кои имаат најмалку еден мандат во ОБСЕ заради тоа што тоа е голема мисија, претседателството е едно од најголемите предизвици со кои ќе се соочиме како држава. Ми беше важно да одат дипломати кои биле најмалку еден мандат за да се создаде неопходната подготовка за да ги пуштиме потоа и новите дипломати. Тоа беше единствената причина зошто овој дипломат е упатен во мисија, кој лично никогаш не сум го видел ниту го знам, меѓутоа тој ги има исполнето трите услови, има национален сертификат, рече Османи. Целиот напис можете да го видите овде

Извор: Zoom. mk

Претходна статија

Шилегов: Сите сме од иста страна во борбата со пандемијата

Следна статија

ВМРО-ДПМНЕ најави нова блокада на Собранието, од Министерството за правда велат дека законите со европско знаменце се стратегија од реформите

Најново од Вести