|

Османи упати сочувство до Дендијас и до Грција: Македонија е подготвена да обезбеди помош

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по повод трагичната железничка несреќа, која изминатава ноќ се случи во близина на градот Лариса, Грција, оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендијас.

Во разговорот со министерот Дендијас, Османи изрази жалење за високата загуба од над 30 патници, како и за големиот број повредени граѓани. Османи преку министерот Дендијас упати и пораки на сочувство до семејствата и роднините на загинатите, како и надеж за брзо закрепнување на повредените.

Османи го информира својот колега дека како непосреден сосед Република Северна Македонија е подготвена да ги стави своите капацитети на располагање и да обезбеди помош во справувањето со последиците на тешката железничка несреќа онаму каде што грчките власти ќе сметаат дека е потребно.

Слични Објави