Османи во Познањ: Се надеваме дека за време на словенечкото претседателство со ЕУ ќе имаме поподготвен терен за донесување важни одлуки
Вишеградската четворка е пример и инспирација за начинот на кој треба да се одвива регионалната соработка меѓу земјите од Западниот Балкан, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи во Познањ, Полска, по завршувањето на годишниот состанок на министрите за надворешни работи од земјите од Вишеградската група (В4) и земјите од Западен Балкан (ЗБ6), во својство на претседавач со Фондот за Западен Балкан.
Како што соопшти Министерството за надворешни работи, на заедничката изјава за медиумите со министерот за надворешни работи на Полска, Збигњев Рау, и со Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ за Западен Балкан, Османи истакна дека земјите од Западен Балкан имаат извонредна можност да научат од искуствата на Вишеградската четворка, пренесува zoom.mk
– Особено во поглед на тоа како, и покрај постоењето одредени разлики, вие сепак успевате да разговарате и да градите заеднички позиции за важни прашања пред важни европски совети и самити, нагласи Османи.
Шефот на македонската дипломатија се осврна и на процесот на проширување, регионалната соработка, како и за очекувањата од претстојното словенечко претседателство со Европската Унија.
Целиот напис прочитајте го овде.

