|

Основното училиште „Мирче Ацев“ добива целосно реконструирана спортска сала

Во последна, завршна фаза, влегува целосното реконструирање на училишната сала во основното училиште „Мирче Ацев“ со што сме чекор понапред во унапредување на условите за квалитетно физичко образование кај децата, истакна градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Целосната репарација во првата фаза опфати: менување на подот во салата каде беше поставен нов гумиран под, бојадисување, молерисување на ходникот и кабинетот на наставникот по физичко образование и целосно нова вентилација.

Во втората фаза, училишната спортска сала е oпремена со нови спортски реквизити.

„Наскоро, очекувам оваа спортска сала да го добие комплетно новиот изглед, по сите модерни стандарди. Нашите најмлади жители се нашата иднина и нема дилема кога станува збор за добро образование, особено проследено со физичка активност која е многу значајна од најрана возраст“, додаде градоначалникот Стојкоски.

Проектот со наслов „Санација и опремување на спортска сала во ООУ Мирче Ацев“ е во соработка со Министерството за образование и наука.

„Продолжуваме посветено за доброто на нашите најмлади жители“, завршува Стојкоски.

Слични Објави