|

ОСУМ НОВОРОДЕНЧИЊА ПОЗИТИВНИ НА КОРОНАВИРУС ВО СИРОПИТАЛИШТЕ ВО ТОКИО

Медицинската сестра која се грижела за 29 новороденчиња во сиропиталиште во Токио била тестирана на 16 април кога било утврдено дека е позитивна на коронавирус.

За среќа, 21 бебе не биле заразени, но осум бебиња биле позитивни и итно пренесени во градската болница, јавува Си-ен-ен.

Таму велат дека бебињата се во добра здравствена состојба и се под постојана медицинска грижа.

На вирусот се тестирани уште тојца вработени кои имале симптоми. Бебињата кои не биле инфицирани ги вратиле во сиропиталиштето кое претходно било темелно исчистено и дезинфицирано.

Извор: Макфакс



Слични Објави