Градот Скопје пред педесетина дена, преку вонреден инспекциски надзор дошол до сериозен доказен материјал за злоупотреба во менаџирањето со отпадот на територија на Скопје. За тоа, како што информира денеска на прес конференција градоначалникот Петре Шилегов, навремено биле известени надлежните институции. Денеска пред медиумите беа презентирани фотографии и видео материјали од остатоци од медицински отпад, меѓу кои и делови од човечки органи од болниците во Битола и Прилеп, јавува Слободен Печат.
– Наместо термички да биде обработен и стерилизиран, се случувало медицинскиот отпад да завршува во Дрисла како обичен отпад. Пријавено е до Јавното обвинителство, но оттаму немаме информација за преземени било какви дејствија и дали воопшто официјално е започната истрага. Според нашите сознанија, сторителот се покрива со документација од друга државна надлежна институција – рече Шилегов.
Целиот напис прочитајте го овде.