Ова се главните украински и руски барања во преговорите

/

Барањата на Русија ги објави министерот за надворешни работи на земјата, Сергеј Лавров.

Тој рече дека Русија има три барања: Украина мора да се демилитаризира и денацифицира, да го признае Крим како дел од Русија, кој Москва го анектира во 2014 година, и формално да ги признае двата регионa Донецк и Луганск како независни држави, што Русија го направи пред десет дена.

Минимална цел на украинските преговарачи е воспоставување хуманитарни коридори, односно рути за бегство на цивили од областите во кои се водат борбите. Ова го соопшти украинскиот преговарач Давид Арахами, кој на „Фејсбук“ објави и фотографија со колега од преговарачкиот тим пред хеликоптерот.



„Минимална цел – хуманитарни коридори. Понатаму, според околностите“, напиша накратко Арахами.



Претходна статија

Гир отфрлува споредба на ситуацијата меѓу Русија и Украина, со спорот меѓу Скопје и Софија

Следна статија

Меѓународната помош за Украина достигна 15 милијарди долари

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да