ОЗДРАВЕНА ЖЕНА ОД НОВИОТ КОРОНАВИРУС РАСКАЖУВА ЗА ТОА ШТО ДОЖИВЕАЛА

/

Кинескиња која се опорави од тешката пневмонија предизвикана од новиот коронавирус, раскажа за својата болест и искуства за Агенцијата Синхуа.

„На 15 јануари дојдов дома за да ја прославам кинеската Нова година. Мојот сопруг дојде до железничката станица да ме однесе дома и виде дека се чувствувам многу лошо. Веднаш ме однесе во локална болница. Неколкудневното лекување не даде позитивен резултат. На 21-ви јануари бев префрлена во Централната болница во Сансја, ме сместија во изолационото одделение, каде ми беше дијагностицирана пневмонија предизвикана од новиот вид коронавирус.

Лекарите спроведоа антивирусен и антиинфективен третман, тие дури користеа и методи на традиционална кинеска медицина. Во последниве денови, сите симптоми се променија на подобро. Лекарите рекоа дека можат да ме пуштат на домашно лекување. Болницата не ми зеде ниту еден јуан за целиот третман “, раскажува жената.





Претходна статија

ПРОДОЛЖУВА „РЕКЕТ“, ЈАВНОСТА „ВЛЕЗЕ“ ВО ПЛАКАРОТ НА БОКИ 13, НА РЕД Е ДОМОТ НА ЈАНЕВА

Следна статија

МЕРКИ ЗА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ПРИЈАВУВАЧОТ НА ЛАЖНА ДОЈАВА ЗА БОМБА ВО „СИТИ МОЛ“

Најново од Вести