ПАЦИЕНТИ СЕ ЛЕЧЕЛЕ НА ШТИПСКА ОРТОПЕДИЈА – А ДОБИЛЕ ХЕПАТИТ Ц. БОЛНИЦAТА ВОВЕДУВА ВОНРЕДНИ МЕРКИ
Шест пациенти на Ортопедското одделение на Штипската клиничка болница во рок од неполни два месеци се заразени со вирус на опасниот хепатит Ц.
Дека хепатиот е присутен на Ортопедија лекарите разбрале откако пациентите од истото одделение заминале дома, но подоцна станале пациенти на Инфективното одделение.
Станува збор за пациенти кои се со различни дијагнози, овде имале различни интервенции , што потрагата по изворот на зараза дополнително ја комплицира:
„Да дадеме сигнал дека имаме неколку позитивни случаеви.Меѓутоа поврзаноста не можеме да ја поврзиме со престојот на ортопедија и е дискутабилно изјави Дијана Шишкова, прет. на Ком. За интерхоспитални инфекции.
Од страна на болницата веднаш ги преземани сите вонредни мерки за да се спречи нејзино понатамошно ширење, а направени се и вонредни контроли кај вработените:
„Во смисол на стерилизација, чистење на инструменти персоналот е проверен и се е во ред“ Тие што можно е да примаат крв таму гарантира институтот. Можам да кажам дека и во минатото и сега КБ Штип работи соогласно протоколите и процедурите“ изјави Ален Георгијев, дир. на Клиничка болница – Штип
Засега се уште останува нејасно, како вирусот на хепатит Ц завршил на Ортопедија и како понатаму се проширил кај останатите пациенти. Со оглед на долгата инкубација што ја има вирусот на хепатит од неколку месеци, не е исклучено во периодот што следи истиот да се појави и кај други пациенти кои престојувале на Ортопедија.
Поради ова, но и поради дополнителна безбеднст и на пациентите и вработените, отсега, пред сите операции задолжителни се и анализи за хепатит и ХИВ.
Инаку, на останатите болнички одделенија , состојбата е мирна и вирусот не е регистриран кај ниту еден од пациентите.
Извор: ТВ Стар
