ЏАФЕРИ МОЖЕ УШТЕ УТРЕ ДА ЗАКАЖЕ СЕДНИЦА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈО, АКО МИЦКОСКИ И ЗАЕВ СЕ ДОГОВОРАТ
Од исходот на вечерашната средба помеѓу премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, зависи кога ќе се одржат продолженијата на комисиската и пленарната седница за Законот за ЈО, како и на парламентарното заседание за разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева, но таа мора да биде разрешена најдоцна до 15 септември, јавува Макпрес.
Доколку има договор, седниците би можеле да бидат закажани уште утре, вели претседателот на Собранието Талат Џафери, кој потенцира дека мора да се почитува рокот до 15 септември за разрешување на Јанева.
Досега формална писмена согласност за разрешувањето на Јанева, Џафери соопшти дека добил само од ДУИ и Алијанса на Албанците.
