|

„СДС да се вразумат и партиски да се надминат“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„ВМРО-ДПМНЕ преточена во владино раководство на чело со претседателот Христијан Мицкоски, покажува вистинско лидерство и визија во водењето на Македонија. Македонија има насушна потреба од нова визија, стратегија, долгорочен план за вистински развој во чие креирање ќе бидат вклучени најголемите македонски умови“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Токму тоа е и целта на последниот проект кој што го понуди претседателот Мицкоски повикувајќи на општо обединување.

Повикот за обединување и креирање на стратегија за државата 2025 е конкретен проект, кој на едно место ќе ги собере македонските академци и интелектуалци. Идејата и визијата на претседателот Мицкоски е покрај општо народно обединубање, членовите на МАНУ и универзитетската заедница, сите професионалци во својата област да ги опфати приоритетите за развој на државата, демографските предизвици, економските цели како и начинот на нивно остварување.

Покрај тоа, стратегијата треба да го опфати и земјоделскиот и технолошки развој, енергетскиот и транспортен развој, подобрувањето на животната средина, образованието, како и да овозможи здравство во тек со светските достигнувања.

Токму ова е потребно за државата за да го фати текот со новото време, каде што научните, технолошките и економски процеси забрзано се развиваат.

И за сето ова да се испланира, спроведе и реализира потребно е внатрешно обединување. Заради тоа, ги повикуваме СДС да се надминат себеси и барем еднаш во нивното партиско делување, државните интереси да ги стават над партиските.

СДС треба да престане од ракав само се и сешто да одбива, туку за се што е во интерес на државата, како што е случајот со стратегијата за државата 2025, да ја поддржи. Тоа им го должиме, како генерација на одговорни политичари, на генерациите што следат после нас“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични Објави