Министерот за надворешни работи на Косово Беџет Пацоли очекува поранешниот припадник на УЧК, кој на 24 јули, беше уапсен од македонската полиција на граничниот премин Блаце, наскоро да биде пуштен од притвор и да се врати во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Пацоли преку објава на својата страница на Фејсбук ирази задоволство поради вчерашната одлука на надлежниот суд во Северна Македонија да го одбие барањето на Србија за екстрадикција на Морина.