ПАЈАКОТ ПОДИГНАЛ 433 ВОЗИЛА ВО СКОПЈЕ ЗА ДЕСЕТ ДЕНА

//

Во текот на изминатите 10 дена со специјалните возила пајак се подигнати 433 возила од јавните површини, соопшти Град Скопје.

Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 64 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 369 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 685 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 64 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.



Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

„Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка“, велат од Градот.

Претходна статија

ЈАНЕВА ЌЕ ОСТАНЕ НА ЛЕКУВАЊЕ ВО КЛИНИКАТА „ЖАН МИТРЕВ“

Следна статија

ВЕРУШЕВСКИ ГИ ОБВИНИ БЕГАЛЦИТЕ ГРУЕВСКИ, ГРУЈЕВСКИ И БОШКОВСКИ ЗА ПРИСЛУШКУВАЊЕТО

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да