35-ТО ИЗДАНИЕ НА МЕЃУНАРОДНИОТ МУЗИЧКИ ФЕСТИВАЛ „ФАЏР“
Традиционалниот музички фестивал „Фаџр“ кој секоја година се одржува во Техеран, Иран, годинава одбележува 35 години од своето постоење.
По повод 35 годишниот јубилеј на овој мултижанровски фестивал, ќе бидат реализирани повеќе од 80 настани во живо, филмски проекции, панел дискусии и истражувачки конференции.
На седумте фестивалски сцени секоја година се претставуваат низа најиновативни и највлијателни изведувачи од различни жанрови од класична, поп и фолк музика, па се до современа музика.
Фестивалот се одржува во концертната сала „Вахадат“ чија специфична архитектура дава посебно доживување при изведбата. Конкурсот за пријавивање на фестивалот трае до 10 ноември.