|

ПАЛМЕР: САД СЕ ЗА ЦЕЛОСНА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР

„Силно го поддржуваме Преспанскиот договор. Сметаме дека неговата целосна имплементација ќе придонесе за мирот, сигурноста, стабилноста, дека ќа го поддржи просперитетот на Македонија, Грција и поширокиот регион. Би сакале ова да се движи напред… Разбираме дека е во тек политичка кампања, дека политичарите ќе направат се што можат пред граѓаните. Стратешки гледано, сметаме дека сите инволвирани ќе ја разберат важноста на одржување силно партнерство меѓу Македонија и Грција и ќе соработуваме со нашите партнери во Скопје, без оглед кој ќе победи во изборниот процес, во поддршка на целите на САД и на европската иднина на Македонија“, рече специјалниот американски пратеник за Западен Балкан Метју Палмер во интервју за „360 Степени“.



Слични Објави