СДСМ: СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ ЈА ОШТЕТИЛ ОПШТИНА КАРПОШ ЗА ПОВЕЌЕ ОД 230 ИЛЈАДИ ЕВРА
„Се потврдува дека Стевчо Јакимовски и ВМРО – ДПМНЕ единствено што направиле за Општина Карпош било криминал, злоупотреба на службена положба и бесправно градење.
Како што се вели и во обвинението на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, Стевчо Јакимовски ја оштетил Општината за повеќе од 230 илјади евра.
Обвинението е за незаконска легализација на поранешните објекти на плац, а потоа и на земјиштето кај поранешниот ресторан „Имес“.
Сепак, ако го погледнеме Извештајот на Државниот завод за ревизија, можеме да нотираме уште многу други прекршувања на законот кои Јакимовски и ДПМНЕ ги правеле во континуитет.
Јакимовски треба да одговара и за новата општинска зграда, во должина на бул. „Партизански одреди“
Изградбата на административниот објект (нова општинска зграда) е врз основа на проект кој не е одобрен од страна на Советот на Општина Карпош, како и без изменето одобрение за градба што не е во согласност со Законот за градење и Одлуката за изградба на административен објект.
Исто така, направени се и повеќе измени на јавните набавки кои не се базираат на позициите предвидени во основниот проект.
Каде и да се свртите извира криминал и корупција од работење на Стевчо Јакимовски и ВМРО – ДПМНЕ“- стои во соопштението на СДСМ

