НАЈМАЛКУ 10 ЛИЦА ЗАГИНАА ВО ЕКСПЛОЗИЈА ВО СИРИСКИОТ ГРАД ТЕЛ АБАИД

Најмалку десет лица загинаа во експлозија во сирискиот град Тел Абаид, којшто моментно се наоѓа под контрола на турската армија и борците на таканаречената сириска слободна армија (ССА), соопштијс турските медиуми, цитирани од руската информативна агенција ТАСС.
Според информациите, експлозијата се случила на еден од градските пазари а загинатите се цивили.