ПАНЧЕВ ПОВТОРНО СО ЕФЕКТНА ИЗЈАВА: РОНАЛДО И МЕСИ МОЖАТ ДА ПРОДАДАТ 5 МИЛИОНИ ДРЕСОВИ, АМА ДОКТОР НЕ МОЖЕ ДА ПРОДАДЕ 5 МИЛИОНИ МАНТИЛИ

/

Роналдо и Меси можат во кој било фудбалски клуб да продадат 5 милиони дресови, а доктор не може да продаде 5 милиони бели мантили, рече поранешниот македонски фудбалер Дарко Панчев во неговото онлајн-гостување во утринската емисија „Ја сакам Македонија“ на Сител.

Тој рече дека глупави се споредбите што се прават за платите на фудбалерите и на докторите, бидејќи, како што додаде, тие работи не треба да се мешаат.

Панчев е дециден дека фудбалот не е виновен поради тоа што лекарите земаат мали плати.

Виновни според Панчев се владите и институциите. Тој додава уште дека здравствените работници треба да имаат многу повисоки плати.



Легендарниот македонски фудбалер објасни исто така дека големите пари во фудбалот доаѓаат со популарноста, и како доказ за тоа ги даде платите на фудбалерите во македонската прва лига кои ги определи како „смешни“. 



Претходна статија

(ВИДЕО)ФИЛИПЧЕ: СОСТОЈБАТА НА РОДИЛКАТА ОД КУМАНОВО ЗАБОЛЕНА ОД КОРОНАВИРУС Е ВЛОШЕНА

Следна статија

ФИЛИПЧЕ: ВРАБОТЕН ВО ДИГЕСТИВНАТА ХИРУРГИЈА ВО СКОПЈЕ СОМНИТЕЛЕН ЗА КОВИД-19

Најново од Вести