| |

Папа Лав XIV: Мирот да биде со вас

Роберт Франсис Превост е првиот американски папа во историјата на Католичката црква. Тој го избра папското име Лав XIV, јавува БГНЕС.

“Нека мирот да биде меѓу сите вас. Мирот да биде со вас. Мир што опфаќа, што доаѓа од Господ, кој ги сака сите без никакви услови. Господ ве сака, Господ ве сака сите вас. Обединети рака за рака со Господ одиме напред. Светот има потреба од Неговата светлина. Градете мостови преку дијалог. Благодарам на папата Франциск. Благодарам и на сите браќа кардинали кои ме избраа”, се обрати новоизбраниот папа кон собраните на плоштадот „Свети Петар“.

Роден во Чикаго, во 2023 година Превост е назначен за префект на влијателната Дикастерија за епископите, која е задолжена да го советува папата при назначувањето на нови епископи.

69-годишниот маж поминува години како мисионер во Перу и е почесен архиепископ на Чиклаго во јужноамериканската земја.

Назначен за кардинал од страна на Франциск во 2023 година, тој е и претседател на Папската комисија за Латинска Америка.

Слични Објави