Одблежуваме 54 години од смртта на Асен Аврамов- еден од најблиските соработници на Иван Михајлов
На 26 март 1968 г. во Рим починува Асен Аврамов, еден од најблиските соработници на Иван Михајлов.
Асен Аврамов е роден на 10 март 1900 г, во Софија, тој е син на познатиот учител од село Скрижово Кочо Аврамов, близок соработник на Даме Груев, Гоце Делчев, Христо Матов и Иван Гарванов.
Дипломирал на Правниот факултет во Софискиот универзитет и бил претседател на студентското друштво „Вардар“. Аврамов се занимавал со адвокатура и бил прв секрета на Македонскиот младински сојуз.
Во 1929 г. заминува во САД по покана на МПО за да го замени Јордан Чкатров на должноста секретар на ЦК на МПО. За разлика од други активисти на Организацијата Аврамов стои на цврсти михајловистички позиции. Во 1930 г, успева да ја обврзе МПО со михајловистичката линија.
Станува главен уредник на „Македонска трибуна“ во 1930 г, заменувајќи го на позицијата Борис Зографов, кој поднесува оставка. Во 1932 г, ја предава својата позиција на Љубен Димитров. Истата година се враќа во Бугарија поради проблеми со неговите документи за емиграција.
Во Бугарија, Асен Аврамов работи како адвокат. По државниот удар во 1934 година, e уапсен заедно со многу други активисти на ВМРО. Неуспешно се кандидирал за пратеник од Неврокоп. Во 1937 година се вклучил во спроведувањето на идејата на Христо Татарчев за меѓународна анкета во окупирана Македонија. Аврамов стапил во контакт со Меѓународната арбитражна лига во Лондон и добил нејзина согласност, како и ветување за финансирање од МПО, но во јули 1938 година владата на Георги Ќосејванов му забранила да патува како одговор на малтретирањето на епископот Андреј во Северна Америка. Во првата половина на 1939 година, Аврамов ја сервисира МПО со информации поврзани со развојот на македонските работи. Во 1941 година испратил телеграма до МПО, во која тврди дека единствена алтернатива е присоединувањето на Македонија кон Бугарија.
По доаѓањето на власт на комунистите во Бугарија, заминува за Италија, каде што соработува со Иван Михајлов. Умира на 26 март 1968 г, во Рим. На неговиот погреб присуствуваат претседателот на МПО Петар Ацев и претставникот на МПО „Тодор Александров“ во Брисел Георги Димов.

