ПАРИ И АПАРАТИ ЗА ИГРИ НА СРЕЌА ПРОНАДЕНИ И ОДЗЕМЕНИ ОД ОБЈЕКТ БЕЗ ФИРМА ВО ТЕТОВО
Како што информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, објектот кој се наоѓа на улицата „Мурат Бафтијари“ во Тетово, во сопственост на А.М.(49) од гостиварско Србиново, при претсрес и контрола на угостителски објект без фирма, синоќа полицијата во Тетово пронашла и одзела 6.200 денари и два апарати за игри на среќа.
Според неговите податоци, контролата била извршена околу 23 часот, а парите биле пронајдени во апаратите марка „Апекс“ што со потврда биле одземени.
-Против сопственикот, по целосното расчистување на случајот ќе биде поднесена пријава за незаконско приредување игри на среќа, рече Јосифовски.
