| |

Парковите во Софија по десетти пат стануваат „Зелени библиотеки“.

Иницијативата „Зелени библиотеки“ летово ќе биде отворена во софискиот Северен парк на 27 јули со разновидна културна програма.

До 1ви септември во сабота и недела од 10 до 14 часот ќе се посетуваат различни паркови и градини каде ќе се читаат и презентираат книги, ќе се пеат песни, а ќе има и театарски и музички програми.

„Креативниот летен формат за промовирање на читањето од најмала возраст, комуникација и привлекување нови читатели на една од најстарите културни институции во Софија – Столичната библиотека, започна во 2015 година со неколку скромни паркови локации. Денес, мапата на кампањата за читање опфаќа 17 паркови во различни делови на главниот град, меѓу кои и паркот на природата „Витоша“ со развиена мрежа од 7 куќи за споделување книги во планината – се присети за БНР-Радио Светослава Тончева од Столичната библиотека. „Секоја година додаваме нови локации. Сега тоа се парковите Вазраждане и Студентски. Ќе биде поставена и куќа во просторот на Националната спортска академија“.

Прочитајте повеќе околу Зелените билбиотеки на објавата на Бугарското национално радио BNR.bg.



Слични Објави