ПАРТИСКИТЕ ЛИДЕРИ: ИЗБОРИТЕ ТРЕБА ДА СЕ ОДЛОЖАТ

//

Лидерите на политичките парти на денешната средба кај претседателот Стево Пендаровски се согласија дека парламентарните избори на 12 април треба да бидат одложени .

Приоритет во актуелната ситуација со коронавирусот треба да бидат животите и здравјето на граѓаните, заклучиле првите луѓе на партиите.



На средбата присуствуваа лидерите на СДСМ, Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, на Алтернатива Африм Гаши и на Движењето БЕСА, Билал Касами. Во име на ДУИ на состанокот присуствуваа Бујар Османи и Изет Меџити, а од ДПА учествуваа Орхан Ибраими и Фримзим Даути. На средбата присуствуваа и претседателот на Собранието Талат Џафери и премиерот Оливер Спасовски.

Претходна статија

ВО КАСАРНА НА КРИВОЛАК ГРУПЕН КАРАНТИН ЗА 200 ЛИЦА, СЕ ОЧЕКУВА БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ДА РАСТЕ

Следна статија

Д-Р АГОЛИ: ПЕРСОНАЛОТ НА АМБУЛАНТАТА ВО ДЕБАР ПОЗИТИВЕН НА КОРОНА ВИРУС

Најново од Вести