|

Партиските тела во СДСМ на состаноци ќе го усогласуваат начинот за продолжување на разговорите со ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет и Централниот одбор на СДСМ утре на седници ќе ги разгледуваат барањата на ВМРО-ДПМНЕ за поддршка на уставните измени.

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на прес-конференција потврди дека Ковачевски ќе ги свика партиските тела.

„По вчерашната сдредба, имаме нови околности на политичката сцена и токму тие нови околности се повод за свикување на Извршниот и на Централниот одбор, а секако дека тема ќе бидат начинот и формата со која понатаму ќе продолжат преговорите со ВМРО-ДПМНЕ“, рече Кузеска.

На вчерашната лидерска средба ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе ги поддржи уставните измени ако по гласањето биде формирана широка влада во која нема да биде ДУИ, како и стапување во сила на измените во моментот кога Македонија ќе стане дел од ЕУ.



Слични Објави