Патеписен есеj по европска Турција
“Независно од близината на Бугарските населби, во Солун има малку постојани жители Бугари… Бугарите како постојани жители многу лесно се смесуват со Грците поради влијанието на грчкото образование и доминантното во македонските градови пренебрежение кон Бугарското име. За мене беше особено важно моето зближување со работници — дојденци Бугари. Такви има мошне многу во Солун. Особено од Дебар и Битола тука идат градежни работници, шивачи и готвачи. Тие, можам да кажам, ме запознаа со својот народ. По патот од Солун до Ениџе има повеќе од 20 планински села, населението е предимно Бугарско. Тоа ги населува околностите, разположени непосредно до самиот Солун, од неговата западна страна. На исток од Солун има грчко население со исклучок на Бугарското село Киречќој или Ново село и 20 илјади Бугари во полуостровот Касандра. Грчото население изгледа, сега го обфаќа целиот Халкидик.
Тоа пространство, кое можам да го ограничам на запад од р. Црна, на исток со Караџова, на север со линијата Воден — Битола, на југ со линијата Кастраница — Лерин, е населено предимно со Бугари, примешано со Власи и Турци. Воден е место со фасцинирачка положба, седиште на митрополитот, има смешано население, главниот дел од кое што се Бугари. Острово е забележително село до планинско езеро, населено со Бугари и Турци.
Битола е разположена во западниот крај на обширна долина, наречена од Бугарите Овче поле. Тука во митрополијата за прв пат најдов траги од чествањето на словенските апостоли. Кон црквата се изградени два параклиса на името на Св. Климент и Св. Наум… Во Битола има многу војска, која е сместена во касарните изградени од Бугарите. Во Битола живеат: Бугари, Македоновласи и Албанци. Ми кажаа, а и сам забележав, дека Бугарите се мнозинство, но ако не грешам во моите набљудувања, Власите во тој град и во соседното Кичево, со своето неутрално однесување постигнале силно влијание.
Охрид, веројатно на местото на древниот Лихнидон, од IX столетие придобил историско значење. Заедно со Преспа тој бил престолнина на Бугарските цареви. Изгледа оттогаш на градот е доделена титулата Прва Јустиниана и било определено да биде престолна епархија, чиј архиепископ се користел речиси со патриаршиски права. Градот е разположен на две возвишенија: На првото е дадено името Варош и тука живеат Бугари; под него се простираат деловите на градот, кои се населени со Власи, Турци и делумно со Албанци. Првите се помногубројни. Охридските Бугари се одликуваат со образованост и жив карактер. Манастирот Св. Наум бил уреден од Михаил, Бугарскиот цар, и во манастирот гостопримно бил примен Свети Наум.
Градот Ресен е на четири часа од езерото, населен е со Бугари.
Од Штип започнуваат плодни долини, обработувани од Бугарите, кои се извесни во трговијата со својот памук, ориз и други продукти.“

