| |

Пелагија Видинска — пионер на бугарската висока мода

Пелагија Видинска е родена 1896 година во Пловдив, во семејството на фелдфебел Тодор Крстев. Ja завршува Солунска женска бугарска гимназија, учи француски и германски јазик, што ѝ овозможува контакт со светската мода. При патувањата во Париз се запознава со моделите на „Ланвен“ и „Шанел“ и ги проучува нивните стилови, пишува Актуално.

По враќањето во Софија отвора модно ателје на улица „Граф Игнатиев“, а подоцна на „Леге“ 6, каде организира модни ревии. Таа свесно ги приспособува париските трендови на бугарската традиција, комбинирајќи европска елеганција со народни мотиви и шевици.

Во ноември 1928 година во кино „Ројал“ се одржува нејзината најгламурозна ревија: во првиот дел инспириран од народната носија, се појавуваат модели со имиња “Македонија”, “Син Охрид”, “Ловеч” и “Бољарка” вториот дел бил посветен на вечерни и свадбени тоалети од фини материи. Нејзини клиентки биле дами од бугарскиот елит, меѓу кои царицата Јоана, оперската прима Мими Балканска, џез пејачката Леa Иванова и др.

По 9 септември 1944 го губи ателјето, но продолжува да работи — изработува костими за Државниот фолклорен ансамбл „Филип Кутев“ и станува главен костимограф во Народниот театар.

Пелагија Видинска умира 1960 година, оставајќи трајна трага како творец што ги споил модерното и традиционалното во бугарската мода.



Слични Објави