ПЕНДАРОВСКИ НА РЕГИОНАЛЕН САМИТ ВО САРАЕВО
Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади на земјите – учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа. Станува збор за редовна средба на лидерите на која се разговара за унапредувањето на односите меѓу земјите во регионот.
