ПЕШАЧЕЛ 12 ЧАСА ЗА НЕГОВИОТ СИН ДА ЗАИГРА НА МУНДИЈАЛОТ ВО БРАЗИЛ

Репрезентацијата на Еквадор се натпреварува на Светското кадетско првенство чиј домаќин е Бразил.

Непосредно пред патувањето во Бразил, се случи неочекуван проблем кога еден од играчите не беше во можност да се качи во авионот. Поточно, Силвано Денилсон Естасио Мина се најде на списокот на патници, но не можеше да се качи во авионот затоа што тој беше малолетник и немаше дозвола од неговите родители да ја напушти земјата.

Татко му бил далеку од градот Кито, кога добил порака од својот син дека мора итно да дојде на аеродромот и да му даде дозвола да патува за Бразил и да игра на Мундијалот.

Силвано Сениор успеал некако да дојде до аеродромот и на крајот му дал писмена дозвола дека неговиот сим може да патува за Бразил. Но, потоа откри поминал цели 12 часа во одење за на својот син да му ја даде дозволата со која ќе може да го напушти Еквадор.

Тој сакал да оди во Кито со авион, кој е оддалечен 156 километри од градот каде што живее, но аеродромот бил затворен па тргнал пеш во авантура. Тргнал со мотоцикл кој го позајмил од својот пријател, но се расипал на по 45 километри, па продолжил пеш.

Извор: Спорт1