| |

ПЕШАК И ВЕЛОСИПЕДИСТ ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКИ ВО СКОПЈЕ

Велосипедист на возраст од 45 години и 40-годишен пешак се тешко повредени во две сообраќајки кои во вечерните часови на 25. ноември се случиле во Скопје.

Како што информираат од МВР, првата незгода се случила на улицата „Македонско Косовска Бригада“, кога автомобил „ауди“, управуван од 44-годишен скопјанец удрил во пешакот У.С. исто така од скопје.

Пешакот со тешки повреди бил пренесен во градската болница „Свети Наум Охридски“.

Втората сообраќајка се случила во 20 часот, на скопската улица „Јордан Мијалков“. Во неа учествувале автомобил „пежо“ управуван од 39-годишен скопјанец и 45-годишен велосипедист.

Во судирот, по кој возачот го напуштил местото на настанот, велосипедистот се здобил со тешки повреди и бил пренесен во болница.

Во двата случаја бил извршен полициски увид на местото на настанот и се работи на расчистување на истите.

Слични Објави