Песков: Нема договор за средбата меѓу Путин и папата Франциско

/

Договор за средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и папата Франциско не е постигнат, потврди денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додавајќи дека оваа средба не е неопходна.

– Ваквите иницијативи се спроведуваат преку дипломатските служби. Договор за таква средба не е постигнат, рече Песков и оцени дека таква средба не е неопходна, пренесува ТАСС.

Портпаролот на Кремљ на прес-конференцијата посочи дека не се покренати конкретни иницијативи за средбата меѓу Путин и папата.

Претходно папата Франциско изрази подготвеност да дојде во Москва за да се сретне со Путин и да разговара за настаните во Украина.



Извор: Temite

Претходна статија

Неделков: На почеток на преговорите сме, ако нема договор, ќе преговараме уште 10 дена

Следна статија

Регистрирани нови 135 случаи на Ковид-19 и едно починато лице

Најново од Вести