Песков: Офанзивата продолжува бидејќи Украина одби да преговара

/

Руските трупи, трет ден по ред, ги продолжуваат воените операции во Украина, откако рускиот претседател Владимир Путин и нареди на армијата да продолжи со спацијалната воена операција, иако, наводно, претходно вчера наредил прекин на офанзивата, соопшти Кремљ.

На редовен брифинг со новинарите, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска го обвини украинското раководство дека ги „отфрла преговорите“.

-Бидејќи украинската страна одби да преговара, напредувањето на руските сили продолжи попладнево, рече Песков.

Извор: Zoom. mk





Претходна статија

Орбан: Унгарија ќе ги поддржи сите санкции на ЕУ против Русија

Следна статија

Турција го затвори преминот на руските воени бродови низ Црното Море

Најново од Вести