Бугарски научници одат во Стразбур за да им ја објаснат бугарската позиција за РС Македонија на европратениците

//

Признавањето на правата на Бугарите во Република Северна Македонија е дел од патот што РС Македонија мора да го помине за да стане дел од Европската Унија. Ова го истакнаа претставниците на Националниот круг „За Македонија“ – проф. Николај Овчаров, доц. Спас Ташев, и проф. Ана Кочева, на прес-конференција во Националниот прес-клуб на Бугарската телеграфска агенција.

Во периодот од 6 до 8 јуни тие ќе го посетат Европскиот парламент во Стразбур за да ги запознаат европратениците со бугарската позиција на оваа тема. Научниците од кругот „За Македониja“ ќе претстават меморандум на својата организација во која што членуваат 19 познати бугарски научници, интелектуалци и новинари.

Во документот се забележува дека ако „Бугарите денес ги признаат барања на Република Северна Македонија, ние ќе им ја одземеме историјата на нашите деца, историјата на нивниот народ, напишана не само од Бугари, туку и од византиски, старофранцуски, старогермански, староруски и други хроничари. Во меморандумот се наведува дека РС Македонија го гради своето минато „преку крадење и фалсификување на историјата“.

Според официјалната статистика на Отоманската империја од 1912 година за битолскиот вилает, како и според непристрасните француски и австроунгарски статистики, насекаде на територијата на денешна Република Северна Македонија има компактно бугарско население. Италијанско-албанската статистика од 1941 година наведува дека има 72.000 Бугари во населението на Тетово, Дебар, Струга и Кичево, велат претставници на Националниот круг „За Македонија“.

Според пописот од 2021 година во РСМ, кој е полн со драстични прекршувања, бројот на Бугарите во РС Македонија изнесува 3504, вели доц. Спас Ташев и додава дека дваесет илјади Бугари биле скриени во категоријата „бугарски државјани“.



Безбедносните служби на РСМ одржале 36 информативни разговори со граѓани кои се притиснати да не се декларираат како Бугари, бидејќи Бугарите биле непријатели на македонскиот народ, изјави Ташев, цитиран од БТА.



Претходна статија

Влада: Дијалогот со синдикатите е постојано во тек и ќе донесе решение

Следна статија

Бугарскиот претседател Радев зеде учество во откривањето на споменик посветен на 11 македонска пешадиска дивизија под врвот Тумба на Беласица

Најново од Вести