„МАСКИТЕ СЕ ЗА ДА МОЛЧИТЕ, А НЕ ЗА ДА ВЕ ЧУВААТ…“

//

Оваа мисла пред малку повеќе од месец на својот facebook профил ја напиша познатиот бугарски новинар Милен Цветков. Цветков го загуби својот живот пред една недела, откако чекајќи на црвено светло на еден софиски булевар беше удрен со страшна сила од еден 22-годишен млад возач, кој 24 часа порано си направил коктелче од четири опојни супстанци.

Колегите на Милен Цветков, го опишуваат како ведар и многу интелигентен човек, склон кон самоиронија. Значи вистина било кога велат дека само интелигентните луѓе можат да се самоиронизираат и да уживаат во тоа.

Овој краток вовед го правам за да го поставам прашањето: Ја сфаќате ли иронијата во којашто се наоѓаме? Сфаќаме ли колку глупо сценарио ни се сервира секој ден? Веќе не ни се трудат да ни го продадат како бестселер и тоа според мене треба многу сериозно да не загрижи.

Македонија го чека пикот на Ковид-19 и додека го чека, се ближат вонредните парламентарни избори, што требаше да се одржат на 12 април, ама коронава си имаше друг план.

Предизборната кампања е во тек.

Започна со индиректно мерење на полови органи, во однос на тоа кој колку и од каде донесол помош. Главните ликови ги знаете, лидерот на владејачката партија Заев и неговиот математички прецизно „погоден“ опонент професорот Мицкоски. Вечните лиглиња од Белата палата што добиваа ерекција кога ќе го видат „шефот“, сега први се топат пред неговиот наследник и го нарекуваат Мицкоски- професорот. Јак многу професорот среди помош од Словенија, но уште појак од него испадна поранешниот градски татко Трајановски, кој среди помош дури од далечна Кина. Што би рекле „дисидентите“ од Инфомакс, кога се сака се сѐ може….

Комуњарите не се нешто поарни. Тие го расчеречија „нивниот“ Максо, бидејќи, кметот со магарешки инает им бараше воведување на карантин за Куманово, а тие со упорноста на патријархално воспитана девојка не му даваа. Па тука се случи една шпанска серија, околу оној фамозен прес по кој „половина влада замина во самоизолација“, па почнаа напади дека Максо намерно ги викнал Филипче, Спасовски и Османи во Куманово, за да ги зарази, оти нели тој знаел дека е позитивен на Ковид-19 пред да му излезе резултатот од тестот.

СДСМ одсекогаш биле цареви за дворски игри без разлика дали истите се одвиваат пред или после избори. За тие дворски игри, спомна и самиот градоначалник на Куманово, во емотивно интервју за поранешната режимска телевизија „Сител“. Си мислам дека Максо е на пат да стане поголем „вмровец“ и од Професорот, но со Рашела ќе се јадат.

За да се покрие малку работата околу превирањата на релација Куманово-Скопје-Куманово, семејството Заеви почна да дели хуманитарни пакети. Тоа секако не е предизборно купување на гласови, тоа е чистата форма на хуманоста на поширокото семејство на поранешниот премиер. Многу похумано ќе беше ако поранешниот премиер ја скратеше својата постава и не ја наполнеше со советници и министри без ресор за мир во коалицијата, ама сепак тука не се работи за неговите фирми во кои нема шефови без ресор, тука се работи за инсталирање на нови цицачи на буџетот, којшто се полни од истите кои сега ги добиваат хуманитарните пакети и тоа со доказ слика на фејсбук.

Извинете, дали си ги носите маските, кога излегувате надвор? Ако не ги носите казната е 20 евра. Немате толку пари, не се секирајте, нели скениравте фискални? Ќе си зачувате 20 евра за казната, а останите пари, можете да ги донирате за да ѝ помогнете на државата во борбата против коронавирусот, оти напорите на власта и опозицијата не се доволни, а да не заборавиме дека и изборите ни се пред прагот. Тие пари можете да ги донирате и да не се секирате бидејќи истите ќе заминат до оние плус 3 денари за акцизата на нафтените деривати, што исто така ќе се потрошат во борбата против корона вирусот. Играта е јасна, денеска ве повикуваат да го донирате повратокот на ДДВ, за да можат истите донации да ги злоупотребат за изборни цели, и откако ќе ги добијат изборите, пак да ви го плеснат ДДВ, ама овој пат најверојатно без опција за повраток бидејќи заради короната, буџетот нема да може да си дозволи да биде дарежлив кон граѓаните кои го полнат.

Извинете, дали чекате уредно со своите автомобили на црвено? Колегата Цветков чекаше и го убија, чекајте и вие и молчете оти маските се за тоа.



Во вакво матно предизборно време на сестрите близначки СДСМ-ДПМНЕ на помош им дојде Бугарија. Не, не мислам на донациите од државата и од приватни донатори, за нив речиси никој медиум не јави, освен мојот скромен портал и уште два три нетолку скромни. Мислам на анексот поднесен од официјална Софија, како дел од заклучоците на Советот на ЕУ за започнување на преговорите за влез на Македонија и Албанија во Унијата.

Старата претоплена манџа со „јазикот и македонското малцинство во Бугарија“ ја смири топката во казнениот простор на короната. На дневен ред повторно дојдоа македонскиот патриотизам и секако гнасните барања од страна на „татарите“, кои ете во 21-от век размислувале уште како да се во 19-от.

Политичките групации во Софија и Скопје како да уживаат во тоа, да се користат едни други за внатрешна употреба, во моменти кога ќе настанат тешки времиња. Тема за растегање локуми има и сѐ е во ред. Нема никаков проблем во фактот што Македонија потпишала уште во 1999 г. дека во билатералните односи со Бугарија, македонскиот јазик е таков според Уставот на Македонија или пак во тоа што Софија со нерегистрирањето на партиите и организациите на т.нар. македонско малцинство во Бугарија му врши голема услуга на истото. Како потврда за тоа ќе ги наведам резултатите од последните локални избори во Благоевград, според кои еден од кандидатите за кмет на најголемиот град во Пиринско, Атанас Кирјаков, инаку горд наследник на Александар Македонски и Бизим Јане, тежи околу 300 гласа. Замислете само што ќе се случеше ако се појавеше со некоја регистрирана партија на малцинството… Благоевград ќе станеше како Скопје и наместо споменик на Гоце Делчев, на неговиот центар како ништо ќе се појавеше биста на Миленко Неделковски, како докажан непријател на бугарскиот фашистички окупатор. Чудни времиња ќе настанеа, токму затоа Бугарите не ги регистрираат Македонците.

Реалноста секако е далеку поинаква…

Ние седиме и чекаме. Идат избори, токму тие ќе бидат тема на лидерската средба која претседателот Пендаровски веќе ја најави и најверојатно ќе се случи во првата половина на мај. Седиме и чекаме да дојде времето кога ќе треба да излеземе на избори и да ги заокружиме бројчињата на СДСМ-ДПМНЕ-ДУИ коалицијата. Нема да гласаме за некој друг, оти така ќе им го расипеме раатот.

Не се секирајте, ни за короната, ни за последиците од неа, не се секирајте ни за Бугарите, носете си ги маските и не го прекршувајте полицискиот час, оти и онака џебовите ни се празни, не мора да го полниме буџетот, што нема доволно средства за да им ги зачува платите на пожарникарите, но има за цвеќиња и пијачки, а за некој месец и за предвремени избори… што ако редовните и така треба да се одржат во декември. Голем кур.

Автор: Атанас Величков



Претходна статија

(ВИДЕО) БАТЕ БОЈКО ВОЗИ КОЛА И ЈА СЛУША КОРОНА ЧАО ОД ДРАГАН СПАСОВ ДАЦ И АЛЕКСАНДАР МИТЕВСКИ

Следна статија

KАЗНИ ЗА СИТЕ КОИ НЕМА ДА НОСАТ МАСКА И ЗАШТИТНА ОПРЕМА

Најново од Истакнато

Кога идентитетот е бетон

Пишува: Ѓорѓи Трендафилов Вчерашниот фудбалски натпревар меѓу Северна Македонија и Бугарија е одличен настан за крај