ПОРТПАРОЛОТ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО НА САД: СОРОС И РОТШИЛД СЕ ВИСТИНСКИОТ ВИРУС

/

Еден од советниците во кампањата на Доналд Трамп во 2016 година, Мајкл Капуто е именуван за портпарол во Министерството за здравство на САД.

Новоименуваниот портпарол, претходните месеци ги обвинувал Џорџ Сорос и семејството Ротшилд за обид за злоупотреба, односно експлоатација на пандемијата на коронавирус со цел промовирање на свои активности, во политички и економски цели, пишува „Спутник“.

Капуто изминатите месеци остро ги нападна овие две семејства преку неговиот Твитер профил. Но, пред стапувањето на новата функција, Капуто избишал повеќе од 1.300 твитови.

Си-ен-ен во архивата пронашла некои негови објави. Во еден од неговите твитови, тој жестоко му одговорил на едне аналитичар, кој го фалел Сорос како се ангажирал во борбата против пандемијата.



„Се шегуваш? Политичката агенда на Сорос бара пандемија“ напиша Капуто, по што следл уште еден твит во кој објавил фотографија од Сорос, на која пишувало „Вистинскиот вирус кој стои позади се“ додавајќи мртовечка глава и надгробен крст.

За Дејвид Ротшилд напишал дека е роден елитист, чие семејство копнее за контрола, наведувајќи дека тие постојано изнесуваат лаги за претседателот Трамп.

Овој економист е познат критичар на Трамп, кој за претседателот на САД тврди дека е подготвен за убиство, само да остане на власт./Макфакс

Претходна статија

(ВИДЕО) БАТЕ БОЈКО ВОЗИ КОЛА И ЈА СЛУША КОРОНА ЧАО ОД ДРАГАН СПАСОВ ДАЦ И АЛЕКСАНДАР МИТЕВСКИ

Следна статија

МТСП: ПРИДРЖУВАЈТЕ СЕ ДО РАСПОРЕДОТ ЗА ИСПЛАТА НА ПЕНЗИИТЕ НА ШАЛТЕРИТЕ НА БАНКИТЕ

Најново од Вести