ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЕНЦУЕЛА СО БАРАЊЕ: „ЖЕНИТЕ ДА РАЃААТ ПО 6 ДЕЦА“
Претседателот на Венецуела Николас Мадуро порача дека жените би требало да имаат по 6 деца за доброто на државата.
Гостувајќи во една емисија каде го промовираше својот план за државниот јавен систем за жените, Мадуро ги поттикна жените повеќе да раѓаат.
„Бог ве благословува кога ќе подарите живот. Секоја жена би требало да роди по 6 деца за доброто на државата“, рекол Мадуро и додал дека сега е „недела на жената“, мислејчи на Осми март.
Венецуела се бори со голема економска криза, што довело до снемување на храна и медицински средства. Според податоците на Уницеф, од 2013 до 2018 година дури 13 отсто од венецуелските деца се неухранети.
„Болниците не функционираат, вакцини има се помалку, мајките не можат да ги дојат децата затоа што се неухранети, ниту да купат млеко во прав затоа што е скапо, а земјата се соочува со миграција“, рекла Мануела Боливар, од опозициската партија.