| |

КИМ ГО НЕМА НО, ЛОЦИРАН Е НЕГОВИОТ ВОЗ

Ким Јонг Ун бил подложен на кардиоваскуларна операција и после зафатот се наоѓа во „вегетативна состојба“, ова е само една од бројните шпекилации кои се појавија околу здравствената состојба на северно корејскиот лидер, но веста нема никаква потврда. Хонгконшки медиуми отидоа најдалеку и објавија дека тој е починат. Непотврдени информации во Пекинг, пак велат дека операцијата за поставување стент била неуспешна затоа што рацете на хирургот се треселе „ужасно силно“,пренесува Телма.

По неговото долго отсуство од јавноста денеска се објавени сателитски снимки од неговиот воз кој стои паркиран на источниот брег на земјата уште од минатата недела.

Но снимките кои ги објави Норт 38, студентска веб страница во Северна Кореја, не кажуваат ништо за неговите здравствени проблеми и се само одзив на разузнавачки извештаи на владата на Јужна Кореја дека Ким се наоѓа надвор од главниот град, Пјонгјанг.

Целиот напис прочитајте го овде.



Слични Објави