|

УТВРДЕНИ СЕ ПРОПУСТИ НА ПРОТОКОЛИТЕ ВО СЛУЧАЈОТ НА МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ

Утврдени се пропусти во работата на епидемиолозите и прекршувања на протоколите во случајот со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, соопшти директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) д-р Иринка Сотирова-Бухова.

Инспекторатот направи два вонредни надзори во кумановската итна помош,Клиничкиот центар, Инфективното одделение и матичните лекарите на градоначалникот и другите заболени од коронавирус во кризниот штаб.


„На лицето му е издадено решение за домашно лекување и тој не смеел да го напушти живеалиштето“, рече Сотирова.
Таа додаде дека брисевите на градоначалникот и членовите на кризниот штаб се земени во просториите на Општината со што се прекршени протоколите и се заведени како скриниг.



Слични Објави