| |

ФРАНЦИЈА ОД 11. МАЈ ГИ ОТВОРА УЧИЛИШТАТА ЗА СИТЕ УЧЕНИЦИ

Француските тинејџери треба да носат маски од 11 мај, соопшти вчера францускиот научен совет, кој ја советува владата за пандемијата.

Во соопштението се вели дека маската треба да ја носи и персоналот во училиштата, кој ќе биде во контакт со учениците на возраст од 11 до 18 години, додавајќи дека не е можно да се спроведе истата мерка врз најмладите ученици, оние на возраст од 4 до 11 години, пренесува Ројтерс.

Францускиот министер за образование, Жан-Мишел Бланакер, објави дека, во согласност со наодите од Научниот совет, ќе го разгледува начинот на кој училиштата во Франција постепено би ја продолжиле наставата на 11 мај.

За да се спречи ширењето на коронавирусот, француските училишта се затворија на 14 март, само неколку дена пред да се прогласи карантин во целата земја.

Советот препорача дека, во согласност со препораките објавени во саботата, учениците треба меѓу себе да бидат оддалечени најмалку еден метар и училниците да се чистат и дезинфицираат неколку пати на ден.

Советот препорача родителите и старателите сами да одлучат дали децата треба веднаш да се вратат во училиштата, што е опција што ја претпочита и претседателот Емануел Макрон, пишува Dpa.

Наставата треба д абиде осмислена на таков начин што децата од различни возрасни групи да не доаѓаат во близок контакт едни со други, а во училиштата каде тоа не е можно, учениците треба да го јадат оброкот во училниците за да избегнат дружење.

Претседателот Макрон најави постепено отворање на училиштата од 11 мај, но кафулињата, рестораните и баровите ќе останат затворени до крајот на месецот.

Други детали за то на карантинот сè уште не се јасни. Премиерот Едуард Филип во сабота вчера објави дека ќе го претстави владиниот план за мерките во парламентот во вторник.



Слични Објави