| |

Во Софија ќе биде оддадена почит на жртвите на атентатот во црквата „Света Недела“

На 16 април 1925 година, катедралниот храм „Света Неделя“ во Софија станал сцена на една од најстрашните трагедии во бугарската историја. Воената организација на Бугарската комунистичка партија го организирала терористичкиот акт, поставувајќи експлозив во југозападниот купол на храмот, јавува БГНЕС.

За време на опелото на убиениот генерал во пензија Коста Георгиев, во храмот се собрале сите министри, голем број генерали и офицери, државни и политички фигури, како и многу граѓани. Присуството на цар Борис III било очекувано, но тој задоцнил. Опелото го водел лично Софискиот митрополит Стефан, кога моќна експлозија уништила голем дел од покривот и јужниот ѕид на храмот. Во трагедијата животот го загубиле 193 лица, а околу 500 биле ранети.

Во чест на жртвите од атентатот, вечерва, со почеток во 18:30 часот, пред храмот „Св Недела“ во центарот на Софија граѓани ќе запалат 700 свеќи – во чест на жртвите на овој терористички акт извршен пред еден век.



Слични Објави