| |

Петар Колев домаќин на ректорот на УНСС проф. д-р Статев

Претседателот на Граѓанско демократската унија – ГДУ, Петар Колев денеска во просториите на партијата се сретна со ректорот на Универзитетот за Национално и световно стопанство – УНСС од Бугарија, проф.д-р на економските науки, Стати Статев. На средбата Колев и Статев разговараа за можностите за соработка помеѓу универзитетите во Македонија и Бугарија, можноста за размената на студенти и искуствата поврзани со европските проекти изработени од УНСС во сферата на образованието.
Колев ја изрази својата благодарност за можноста студентите од Македонија да го стекнат своето образование во оваа авторитетна образовна институција, како и за понуденото искуство во сферата на европските проекти наменети за образованието. Професорот Статев се заблагодари за можноста да се сретне со претседателот на ГДУ и ја изрази својата подготвеност да помогне во реализација на подлабока соработка помеѓу образовните институции на Република Бугарија и Република Македонија.

Универзитетот за национално и световно стопанство (УНСС) е најголемиот и најстариот универзитет за економија во Бугарија и цела Југоисточна Европа, со 98-годишна историја.

УНСС потекнува од Слободниот универзитет за политички и стопански науки (СУПСН), создаден на  05.07.1920 година. Во 1940 година  е трансформиран во Државно високо училиште за финансиски и административни науки, а во 1947 година се преобразува во Факултет за економски и општествени науки кон Софискиот универзитет.

Едни од најврвните економисти на Бугарија предавале или биле воспитаници на ова авторитетна образовна институција.



Слични Објави