ПЕТАР КОЛЕВ МУ НУДИ НОВ ПРОЕКТ НА ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ: БЕСПЛАТНА ВТОРА РАКИЈА ЗА СИТЕ КЛИЕНТИ НА СКОПСКИТЕ МЕАНИ
Претседателот на Граѓанско Демократската Унија, Петар Колев во духот на пријателството и меѓусебната соработка, преку својата официјална facebook страна го насочи скопскиот градоначалник, кон воведувањето на нов „револуционерен“ проект, сличен на веќе понудениот со ваучери за пијаните муштерии низ скопските локали.
„После гратис ваучерите за такси кои ќе ги даваат скопските меанџии по иницијатива на градоначалникот на Скопје г. Петре Шилегов, следната мерка од планот „живот за сите во Македонија” е бесплатна втора ракија на секој во меаните во Скопје. Понекогаш ме фаќа срам и ми паѓа жал од некои реалности во нашата земја а ова ги надмина и моите „скромни“ очекувања!“