ПЕТАР КОЛЕВ НА САМИТОТ НА ЕВРОПСКИТЕ КОНЗЕРВАТИВЦИ И РЕФОРМАТОРИ
Претседателот на Граѓанско Демократската Унија Петар Колев, ќе учествува на самитот на АКРЕ (Европските конзервативци и реформатори) кој ќе се одржи во Рим од 22 до 23 февруари.
La Convenzione Blu е собир на кој покрај членовите на Eвропарламентот, ќе дебатираат и владини претставници, бизнисмени, академици, претставници на невладини организации,политичари и дипломати.
Покрај главните теми на собирот – миграцијата и имиграцијата и одбраната и безбедноста во Европа, самитот ќе претставува и своевиден вовед во кампањата за претстојните евроизбори на кои членките на АКРЕ очекуваат позитивен резултат. Тие во моментов ја претставуваат трета по број политичка групација во Eвропарламентот, се вели во соопштението на Граѓанско Демократска Унија- ГДУ.

