| |

Петар Колев: Прости ми „војводо“ но „не знаеш“ што правиш!

Кога го прочитав соопштението од Вашата партија за реформи во пензискиот фонд и за укинување на вториот столб некако можев да го прифатам популизмот, но ова веќе ги поминува сите граници. Само за потсетување, со Законот за ПИО од 2000-та година беше воспоставена легислативната рамка за новиот, трослоен пензиски систем во Република Македонија. Неговиот опфат го чинат трите столба од тогаш. Колку што се сеќавам, тогаш Вие бевте премиер, а големиот капацитет во сферата на финансиите – Груевски, беше Ваш министер.

Денеска е Прочка и ние христијаните бараме простување од нашите блиски за грешките кои сме ги допуштиле низ годината. И како темпирано, точно на Прочка „војводата“ реши да се јави на темата за спорот со името, оној истиот кој како премиер имаше реална шанса да го реши. Но каква агресивна позиција кон Бугарија, која не прифаќа секаква географска одредница! Зарем точно Вие како премиер не потпишавте декларација за пријателство и добрососедство со Бугарија?! И тогаш ли бевте изнуден и притиснат и ако е така зошто молчевте до ден денес?

Па зарем „војводо“ нам ни одговара секаква географска одредница? Зарем ставот на Бугарија не го засилува и нашиот став дека не секое решение е достојно и прифатливо? Не барај „војводо“ прошка од грците за она кое им го даде додека беше на власт, а им даде многу, тие секако не ти се лутат. Побарај прошка од оние кои ги напаѓаш зошто добро знаеш што сѐ имаат направено за нас. Или можеби бараш, но поради твојата горделивост не знаеш како да го направиш тоа.

 

 

Слични Објави